„Знаев што ќе се случи“: Софија Вергара откри што ја изненади најмногу по разводот со Џо Манганел

Минатата година Софија Вергара и Џо Манганело ги изненадија сите со објавата дека се разведуваат по седум години брак.

Тие издадоа заедничко соопштение и истакнаа дека ќе останат пријатели, а понатаму не се огласуваа многу по тој повод. Таа сега раскажа и како се снашла со се што се случило подоцна.

„Тука сте, под будното око на јавноста, а луѓето знаат дека тоа е дел од нашата работа, нешто што доаѓа со тоа да се биде јавна личност. Знаев што ќе се случи. Таквите работи не можат да се сокријат“, изјави Софија за Си-би-ес Њуз.

Како што вели, медиумите биле љубезни кон неа и не пишувале разни лаги за разводот на неа и Џо.

„Не беше толку лошо. Морам да кажам дека медиумите беа полни со почит и многу фини. Мислев дека ќе се измислат многу работи, знаете како оди. Бев изненадена, но тие најмногу пишуваа што всушност се случило“, додаде Софија.

Scroll to Top