Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, изјавила дека ѝ е жал што децата мора да растат во свет во кој сè уште постои расизам и истакнала дека случувањата во САД се разочарувачки.
Маркл тоа го изјавила во видео кое го снимиле ученици кои се последна година во нејзиното средно училиште во Лос Анџелес, по повод масовните протести во САД поттикнати од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, пренесува „Ројтерс“.
„Знам дека знаете дека се важни животите на црнците. Прво сакам да ви кажам дека ми е многу жал што мора да растете во свет каде ова сè уште се случува“, рекла Меган, чија мајка е Афроамериканка.
Таа додала и дека сакла да ја каже вистинската работа и дека е нервозна за нејзините зборови да не се сфатат погрешно.
„Единствената погрешна работа е да не кажете ништо“, рекла Меган Маркл.