Зои Салдана доби ѕвезда на Холивудската патека на славните

Актерката Зои Салдана,  доби својата ѕвезда на Холивудската патека на славните. Зои е најпозната по улогите на Гамора во филмот „Чувари на Галасијата” и Ухура во „Ѕвездени патеки”.

На откривањето на ѕвездата ја придружуваше сопругот Марко Перего и нивните три деца, но и режисерот Џејмс Камерон и актерката Мила Кунис.

Scroll to Top