„Зошто ја мразиш Анџелина Џоли“, ја прашаа фановите новата девојка на Бред Пит

Фановите на Никол Потуралски, новата девојка на Бред Пит, иритирани од нејзиниот коментар на „Инстаграм“ дека среќните луѓе не мразат никого, ја прашаа манекенката зошто таа ја мрази Анџелина Џоли.

„Зошто ти и Бред тогаш ја мразите Анџелина Џоли? Практикувај го она што го зборуваш“, и напишал еден фан, на што таа му одговорила дека не мрази никого.

Многумина сметаат дека нејзината објава се однесува на поранешната сопруга на Бред Пит.

Глумецот од неодамна е во врска со германската манекенка. Двајцата беа на одмор во замокот во Франција, место кое Бред и Џоли го купија додека беа заедно. Во јавноста се рашири веста дека Џоли му се налутила на Бред поради неговата кратка љубовна авантура во Франција.

 

View this post on Instagram

 

Happy people dont hate 🧡🧡🧡

A post shared by Nico (@nico.potur) on

Scroll to Top