Ѕвезда од „Американски идол“ го изгуби животот во сообраќајка

Ѕвездата од „Американси идол“ Вили Спенс го изгуби животот во сообраќајна несреќа. Спенс, кој беше второпласиран во 19. сезона од американското шоу, загина во вторникот.

Засега деталите од несреќата сè уште не се познати, но веста за TMZ ја потврди негов близок роднина. Додаде и дека на пејачот во еден момент додека возел му пукнала гума. Откако ја заменил продолжил да вози од Тенеси кон Атланта, каде наводно се удрил во камион кој бил паркиран покрај патот.

За потсетување, Спенс беше познат по препејувањето на хитовите A Change is Gonna Come и Georgia on My Mind. Иако ја освои публиката во шоуто, сепак на крајот победи Чејс Бекам. Продуцентот Рандал Емет се прости од Спенс со порака:

„Имав среќа што пееше за мене во живо во мојот дом и на други настани. Ќе ни недостигаш пријателу. Знам дека допре до многумина од нас“, рече Емет.

 

Scroll to Top