За познатата актерка Сридеви Капур (54), која во саботата изненадувачки починала во Дубаи, излегоа подетаљни резултати од обдукцијата, која покажува дека индиската ѕвезда починала од случајно давење во својата хотелска соба.
Во првиот оскуден извештај за смртта на Сридеви како причина за смртта бил наведен инфаркт, како и дека сѐ се случило на венчавката на нејзиниот внук во Дубаи. Но, сега се откриени повеќе детали и локалниот патолог во својот налог навел дека актерката се онесвестила во кадата, а потоа се удавила.
Случајот е проследен во обвинителството во Дубаи, а засега не се соопштени резултати од токсичните анализи.
Кога налогот на обдукцијата ќе биде објавен во целост, ќе биде јасно дали воопшто постои врска меѓу првобитниот извештај и срцевиот удар и официјалното тврдења дека се работи за случајно давење.