Ѕвездата од „50 нијанси во сиво“ Џејми Дорнан сака да биде новиот Џејмс Бонд, но се плаши како фановите ќе го прифатат

Џејми Дорнан глумецот познат по улогата во „50 нијанси во сиво“ рече дека сака да биде новиот Џејмс Бонд, но и дека се плаши од реакциите на фановите. Британските медиуми пренесоа дека тој би можел да биде новиот таен агент кој ќе го замени Даниел Крег.

За Дорнан пак проблем би можеле да бидат само негативните коментари во јавноста. Тој го спомена и неговиот колега Роберт Патинсон и објасни како обожавателите реагирале кога слушнале дека тој ќе биде новиот Бетмен.

„Предрасудите се една од најголемите болести на нашата култура, особено во нашата работа. Сетете се само на реакциите кои следеа откако Роб ја доби улогата. 90% од нив беа негативни“, рече Џејми во разговор за Esquire.

„Слично беше и кога Даниел Крег ја доби улогата за Џејмс Бонд. Мислам дека коментарите беа 100% негативни. Многу е вознемирувачко кога ќе видите колку се луѓето гневни заради глумецот. А што се случи потоа? Даниел Крег беше брилијантен и ја промени целата енергија. Така ќе биде и со Роб и со тоа што тој веќе го направи со Бетмен“, додаде Џејми.

Глумецот не крие дека е возбуден од тоа што се наоѓа во потесниот круг за улогата на тајниот агент. Негови конкуренти засега се Идрис Елба и Двејн Џонсон.

„Многу е возбудливо што сум во таква конкуренција за таква улога. Ако ги погледнете подобро профилите кои стојат за улогата на Бонд, може слободно да се каже дека станува збор за глумци кои имаат еден куп одлични проекти“, рече Џејми.

Scroll to Top