Ѕвездата од „Модерно семејство“ имала 16 операции, а нејзиниот брат ѝ го спасил животот донирајќи ѝ бубрег

Ѕвездата од хит серијата „Модерно семејство“, Сара Хајланд (30) рече дека минувала низ вистински пекол поради нарушеното здравје. Поради нејзината здравствена состојба, многумина за неа велат дека е една од најхрабрите ѕвезди во Холивуд.

Уште како дете и била дијагностицирана дисплазија на бубрегот, што значи дека бубрезите не и биле доволно развиени за да ја извршуваат функцијата во нормална мера. За да помогне на ќерка си, нејзиниот татко во 2012 година ѝ донирал бубрег.

Во интервју за американските медиуми, Сара открила колку и било тешко по трансплантацијата. Но, трансплантацијата сепак не завршила сјајно, затоа што телото ѝ го отрлил бубрегот, па морала повторно да оди под нож.

„Лекарите и јас се надевавме дека ќе го решиме проблемо со дијализа и вграден порт уред во градите. Сепак ми беше потребен нов бубрег“, рече Сара.

Шест месеци по втората операција, докторите откриле дека нејзиниот брат Јан исто така е соодветен донор, па и тој го донирал својот бубрег. Втората трансплантација била полесна за неа. Сепак и тука не било крај за нејзините маки.

Докторите по двете трансплантации се шокирале кога и дијагностицирале ендометриоза на матката и јајниког, па повторно морала да оди на операција. Недолго потоа, таа морала да го оперира и стомакот поради претходните операции.

На 30 години таа вели дека имала направено 16 операции, а повеќе од десет биле за време на снимањето на серијата „Модерно семејство“. Нејзините колеги ја опишуваат како силна и храбра жена која е вистински пример и инспирација за луѓето во целиот свет.

Освен колегите и семејството, Сара голема поддршка добива и од нејзиниот свршеник Велс Адамс, кого го запознала ден по втората трансплантација на бубрегот.

 

 

 

Scroll to Top