Ѕвездата од „Пријатели“ Гантер, откри дека боледува од рак

Глумецот Џејмс Мајкл Тајлер, познат како Гантер, од серијата „Пријатели“, јавно откри и прозборе за неговата борба со ракот на простатата кој му беил дијагностициран во 2018 година.

Тој откри дека болеста не му била откриена на време и дека ракот се раширил и на другите делови и коските, што на крајот доведува до парализа на долниот дел од телото. Тајлер рече дека ракот мутирал за време на пандемијата со коронавирусот.

„Ми дијагностицираа напреднат карцином на простата, кој се прошири на моите коски. Со таквата дијагноза се занимавав изминатите три години и сега е во четврта фаза. Тоа е во доцна фаза. Па на крајот, знаете, веројатно ќе ја изгубам оваа битка”, рече Тајлер.

Глумецот вели дека во моментов оди на хемотерапија и дека агресивно се бори против болеста.

„Многу мажи се соочуваат со овој проблем. Ако се открие рано, тој лесно се лекува“, нагласи тој и рече дека не им го посакува на другите она низ кое што тој поминал.

Тој рече дека болеста го спречила да се појави лично на средбата „Пријатели“ што се емитуваше на ХБО Макс на крајот на мај. Наместо тоа, тој се појави на преку видео.

„Сакав да бидам дел од тоа и сакав да бидам на сцената со нив. Но, тоа беше горко, слатко, и искрено чувство. Сепак бев многу среќен што бев дел од тоа шоу. Моја беше одлуката да не бидам со нив таму и да се појавам преку Зум. Не сакав да го расипам моментот“, рече Гантер.

 

Scroll to Top