Синтија Никсон, која се прослави во улогата на Миранда во серијата „Сексот и градот“, би можела на следните избори да се кандидира за гувернер на државата Њујорк.
Првите гласини за нејзината можна кандидатура, се појавија пред десетина дена, а распламнаа кога Синтија во текот на гостувањето на телевизијата NBC, ја критикуваше политиката на актуелниот гувернер Ендрју Куома.
„Мислам дека постојат многу луѓе кои би сакале да се кандидирам, и тоа поради многу разни причини. Но, според мое мислење, најголемиот проблем е образованието, затоа што разликата меѓу сиромашните и богатите школи никогаш не била поголема“, изјави Никсонова, која сепак не сакаше директно да потврди дали навистина наредната година ќе се кандидира за позицијата гувренер.
Инаку, Синтија веќе со години е прилично активна во политиката и јавно го поддржа моменталниот градоначалник на Њујорк, демократот Бил де Блазија.