Ѕвездата од серијата „Есмералда“ сега во улога на негативец

Мексиканскиот актер Фернандо Колунга, кој се прослави во 1997 година во улогата на доктор Арамнда во серијата „Есмералда“, во моентов е дел од теленовелата „Страст и моќ“, каде се јавува во улогата на негативец.

Фановите во коментарите за филмот велат дека Фернандо во овие неколку децении се нема физички променето нималку. Колунга покрај „Страст и моќ“ се има појавено и во сериите „Злобница“, „Маримар“, и „Прегрни ме цврсто“, кои постигнаа голема гледаност.

Пред да стане актер, Фернандо завршил школа за градежништво, продавал автомобили, а работел и како шанкер.

„Сегакош имав желба да се занимавам со глума, но никогаш не целев на теленовела“, изјавил Колунга.

Актерот и поматаму на големо задоволство кај женската публика, игра улоги во сапуници. Мексиканецот успешно го сокрива својот приватен живот, па засега не е познато дали во моментов е во врска.

Минатата година многумина мислеле дека неговата девојка му е колешката Бланка Ското со која се зближи на сетот на теленовелата „Љубовни правила“. Досега актерот не се произнел по ваквите гласини.

 

Scroll to Top