Ѕвездата од филмот „Такси“, францускиот актер Семи Насери (57), побарал медицинска помош кога во ноќта меѓу 4 и 5 август е претепан во еден ноќен клуб во Москва, пренесуваат руските медиуми.
Семи во клубот бил со својот брат, а поради инцидентот со другот гостин, кој го удрил со тупаница, бил принуден да го напушти ноќниот клуб.
Францускиот актер веднаш побарал помош, откако бил физички нападнат и исфрлен од клубот.
„Да, примен е. Укажана му е помош и истиот ден е пуштен на домашно лекување“, потврдиле од болницата.