
Многу приказни, вистини и лажни, се раскажани за животот на Џеки Чен (63), а една од најинтересните е врзана за неговото рано детство.
Неговите родители биле многу сиромашни, и немале пари да ги платат медицинските трошоци. Малку фалело да го продадат штом се родил.
„Британски доктор, кој го извршил породувањето, му рекол на мојот татко: „Ќе ти дадам 200 американски долари, но под услов да одиш и го оставиш бебето“. Тато се согласил, но семејството и пријателите успеале да соберат пари и ги платат трошоците“, изјави Џеки Чен пред неколку години.

Се раскажува дека Чен кога се родил имал 5.5 килограми, амајка му од милостина го нарекувала топовско ѓуле, затоа што бил преполн со енергија и постојано трчал, наваму-натаму.
Останатото е дел од историјата – Џеки Чен, чие право име гласи Чен Конг-Сан, осум години ги минал во школото за опера во Пекинг, каде станал мајстор по боречки вештини и акробација.
Тој првиот филм го снимил на пет години, а во 1971 година, работел како каскадер во филмовите “Fist Of Fury” и “Enter The Dragon” во кој главната ѕвезда беше Брус Ли.
Денеска Џеки Чен е голема акциона ѕвезда и неговото богатство се проценува на 350 милиони долари.