Ѕвезди со основно образование

Образованието не е секогаш гаранција за успех, а тоа го потврдуваат голем број познати личности кои имаат само основно образование, а денес заработуваат по милиони долари.

Таков е примерот со глумицата Џенифер Лоренс која го напуштила средното школо кога имала 14 години.

Хери Стајлс исто така се откажал од средното школо кога имал 16 години и тоа поради аудиција за „Икс Фактор“ по што станал член на бендот One direction.

Жизел Бундшен, светскиот модел од Бразил, го напуштиле средното школо кога имале 14 години за да почне кариера во манекенството.

И покрај тоа што говори пет јазика, Никол Кидман нема завршено средно школо. Таа прекинала со образованието за да ја продолжи кариерата како глумица. Почнала да работи во театар, а на 16 години го снимила првиот филм.

Ријана го напуштила средното школо на 16 години и се преселила во Америка кога имала 17 години, каде потпишала музички договор во дискографската куќа Def Jam.

Роберт Дауни Јуниор никогаш не бил добар ученик. Татко му му дал ултиматум секој ден да оди во школо или да најде работа. Се откажал на 15 години.

Џони Деп имал 15 години кога го напуштил средното школо. Неговиот сон било да стане познат рок музичар. Џеј Зи се откажал од средното школо за да почне да работи. Почнал да продава дрога, а потоа станал музичка ѕвезда.

Кијану Ривс го напуштил школото на 17 години, затоа што како што вели никогаш не се вклопил. Имал конфликти со настаниците и директорката. Вупи Голдберг го напуштила школото кога имала 16 години. Како причина за оваа постапка го навела тешкото детство, неколку бракови и зависноста од дрога.

Том Круз го напуштил срендото школо за да стане глумец во Њујорк. Претходно додека бил дете, сакал да биде свештеник. Квентин Тарантино сакал да почне со филмска кариера и поради тоа се откажал од средното школо на 15 години. Неговиот коефициент на интелегенција бил 160.

Даниел Редклиф одлучил да се одмори од школото кога имал 17 години, за да се посвети на неговата актерска кариера. Не се вратил во школо. Рајан Гослин го напуштил средното школо кога имал 17 години.

Ѕвездите кои не завршиле средно школо се и Џон Траволта, Џим Кери, Аврил Лавин, Дру Баримор и Кети Пери.

 

Scroll to Top