Во сабота, 9 мај, со почеток во 21:00 часот, во Арена Јане Сандански, групата „Нокаут“ ќе одбележи 30 години на музичката сцена со ексклузивно и неповторливо 360° роденденско шоу, кое ветува целосно музичко доживување и уникатна атмосфера од секој агол на арената.
Ова јубилејно издание претставува голема прослава на три децении хитови, емоции и енергија што ја обележаа македонската поп-рок сцена.
На сцената заедно со „Нокаут“ ќе настапат и специјални гости: Игор Џамбазов, Дарко Гелев – Брејк, Лозано, Дупер, Дамјан Пејчиновски, Дарко Димитров и Александар Ристовски – Принц, кои ќе додадат дополнителна магија на оваа незаборавна вечер.
Интересот е исклучително голем, а билетите се во завршна фаза на продажба – достапни се уште ограничен број места .
Картите се достапни на овој линк
https://wayin.mk/shop/events/30-godini-nokaut






