10 начини да го издржите денот во високите потпетици

Жените ги обожаваат високите потпетици и ги носат во разни пригоди. Меѓутоа, мора да признате дека целиот ден поминат во нив не е лесен да се преживее. Затоа, Репортер има неколку трикови што ќе ви го олеснат животот.

Изберете квалитет

Подобро е да имате помал број квалитетни чевли во гардероберот отколку да купувате по еден пар евтини високи потпетици секој месец. Ако сакате удобност, избрете кожени чевли – вештачките материјали не се вклопуваат со стапалото и не му дозволуваат да дише, а речиси секогаш ќе ви биде неудобно или ќе ви се појават гребнатини или плускавци на нозете.

Пред да купите чевли, разгледајте го нивниот облик

Дали сте забележале совршени чевли во продавница и сте се запрашале дали се удобни? За ова многу може да ви каже самиот облик на чевлите. Колку е помалку остар обликот, толку чевлите се поудобни. Не постои ништо полошо од стапало што спушта, а прстите да се притиснти во шилестиот врв на чевлите.

Понекогаш изберете подебели потпеници – тие се дефинитивно постабилни благодарение на тоа што чевлите се помалку чувствителни на искривување и слично.

Научете правилно да одите

Сигурно сте виделе барем еднаш девојки кои во превисоки штикли ги размрдуваат нозете и делуваат дека ќе паднат. Тоа не е ефектот што сакате да го постигнете. Мускулите на стомакот играат клучна улога во ова. Тие ја стабилизираат целата фигура и ги ослободуваат стапалата. При одењето, обидете се да одржите исправена положба, кренете ја главата, повлечете го и затегнете го стомакот, а чекорот започнете го со прстите, па лесно спушетете ја петата.

На почеток може ќе ви се чини неприродно – но со текот на времето ќе ви стане многу поудбно.

Пронајдете оптиминална висина

Дали ќе ви биде помалку удобно на дванаесет сантиметри отколку на пет? Не мора да значи. Според американскиот супермодел Еми Супл, идеалната висина на потпетицата е индивидуална, во зависност од тоа како е градена ногата. Таа предлага едноставна метода со која може да ја проверите оптималната висина на потпетиците. За да го направите тоа, седнете на стол и повлечете ја ногата напред. Држете го стапалото свиткано. Потоа спуштете ги прстите како балерина на висината која ви одговара. Одалеченоста која ја преоѓа петата е вашата оптимална висина на потпетицата. За да го направите ова правилно, побарајте помош од некоја пријателка.

Шетајте во новите чевли

Дали чувствувате огромен предизвик да ги носите чевлите кои тукушто сте ги купиле? Веднаш заборавете на тоа! Пред да ги носите надвор, направете генерална проба дома. Прошетајте со нив најмалку неколку дена. За тоа време, чевлата ќе се прилагоди на стапалото и нема да го повреди при првото носење.

Носете влошки

Влошките од гел се вистински лек за болните нозе. Изберете перниче од гел кога ногата се спушта и прстите се „стиснати“ на врвот од чевлата или кога чевлата е малку поголема. Ви гарантираме дека ќе ја почувствувате разликата!

Ставете фластери на прстите

За да го направите одењето на високи потпетици поудобно, третиот и четвртиот прст треба заедно да ги споите со фластер. Ова е познат трик кај моделите. Иако можеби ќе ви изгледа чудно, лесно ќе ги ослободите нервите кои се наоѓаат во овој дел од стапалото. Фластерот може да биде од непроценливо значење особено кога се работи за подолги излегувања.

Изберете стабилност

Практичноста не значи по секоја цена да се откажете од стилот. Широките потпетици или платформи се еднакво модерни како што се тенките високи потпетици, а и дефинитивно се поудобни.

Често менувајте ги чевлите

Ако сакате да се чувствувате убаво на високи потпетици, тогаш подобро е често да ги менувате чевлите. Благодарение на тоа, нема да ги оптоварувате истите мускули цело време, како и местата на кои не се чувствувате удобно. Ако цел ден сте на високи потпетици, следниот ден префрлете се на удобни патики.

Чувајте ги нозете

Редовниот педикир, пилингот и хидратантните креми се важни за вашите стопала. Кога ќе ја напуштате куќата, убаво е да ги испрскате стопалата и чевлите со дезоранс. По напорниот ден, третирајте ги со купка за опуштање или масажа.

Scroll to Top