Односите меѓу свекрвата и снаата по некое непишано правило скоро секогаш се комплицирани, а често знаат да бидат и многу тешки. Затоа научете што треба да направите за да завладее мир во вашата куќа. Ова се неколку работи што никогаш не треба да ѝ ги кажете на својата свекрва.
1. „Добредојдени сте во нашата куќа во секое време. Секогаш сме тука за вас“
Ова е сосема во ред ако навистина го мислите тоа, но ако не сте сигурни, можеби е подобро да имате постојано темпо и време кога ќе се гледате. Во спротивно може да се случи вашата свекрва тоа да го сфати сериозно и да ве бара за секоја ситница и да доаѓа во секое време од денот и ноќта. Кога еднаш ќе се случи да не сте во ситуација да сте „тука за неа“, тоа сигурно ќе ви биде замерено и вие ќе испаднете лажливка.
2. „Не го барав вашето мислење“
И во помалку комплицираните односи, ова се смета за грубо однесување, а кога се работи за односот помеѓу свекрвата и снаата, овој испад може да има и долгорочни последици. Многу е подобро кога вашата свекрва ќе ве посоветува, љубезно да ѝ се заблагодарите и да си продолжите по свое. Ако продолжи да го наметнува своето мислење, бранете се со тоа што ќе ѝ кажете дека заедно со вашиот сопруг, а нејзин син, сте решиле да направите нешто друго. Ако ни тоа не успее, оставете го нејзиниот син да ѝ објасни дека некои работи се меѓу вас двајцата, а таа не смее да се меша.
3. „Не можам да верувам дека сте гласале за него“
Политичките расправи се проблематични дури и кога ги водите со сопствените родители, па затоа тргнете ги настрана додека разговарате со вашата свекрва. Ваквите расправи имаат обичај семејните вечери да ги претворат во бојно поле, и тоа е сосема бесмислено, бидејќи од овие расправи никој не е победник. Подобро љубезно кажете ѝ дека сте познати по тоа што жестоко реагирате на политичките прашања и дека затоа ќе се изолирате од разговорот.
4. „Зошто не сте го научиле синот да…“
Ако сте мајка, тогаш сигурно знаете дека најголема навреда за една жена е приговорот поврзан со воспитувањето на децата. Сама сте го избрале вашиот сопруг заедно со сите негови доблести и мани и затоа не треба свекрвата да ја обвинувате за неговите постапки. Ваквите разговори ќе ја вовлечат вашата свекрва во вашиот личен однос со сопругот, а тоа може да е многу деликатно. Разговарајте со сопругот за тоа дали постои шанса вие да му покажете некои работи за кои сметате дека неговата мајка пропуштила да го научи.
5. „Едноставно ми е попријатно со моето семејство“
Штом се венчате, вашите родители и родителите на сопругот почнуваат благо ривалство меѓу себе. Затоа бидете уверени дека на вашата свекрва ќе ѝ пречи ако секој празник го поминувате со вашите родители и ако во куќата имате слики само од вашата страна на фамилијата.
Природно е вашата врска да е појака со родителите, но со мажањето морате да го прифатите и фактот дека сте влегле во друго семејство и дека сте станале негов член, па затоа треба што побрзо да се прилагодите на тоа. Со сопругот договорете се во кое време со кого ќе се гледате, а ако тој сака повеќе време да помине со своето семејство, тогаш објаснете му дека е во ред да оди таму сам или повремено да ги оставате децата кај нив.
6. „Се надевам дека ќе го наследнам вашето…“
Ова ќе направи вашата свекрва да добие впечаток дека едвај чекате таа да умре. Сите разговори околу наследството ги засегаат вашиот сопруг, неговите браќа и сестри и нивните родители, па затоа истото треба да остане меѓу нив. Вие имате право на наследство од вашата мајка, но не и од она што е на свекрвата. Ако таа самата спомне дека нешто ќе ви остави, тоа е одлично, но никако немојте сами да начнувате такви разговори.
7. „Премногу сме зафатени за да се видиме со вас“
Ако свекрвата инсистира да се гледате почесто отколку што сакате, тогаш морате заедно со сопругот за да ѝ објасните дека мора да ги испочитувате и другите луѓе во вашиот живот. Кога ќе смислувате изговор, бидете тактични и не заборавајте да ѝ спомнете дека ќе ви биде мило да се видите со неа и дека уживате да го поминувате време заедно, дека нема да можете зашто веќе сте испланирале нешто во тој термин.
8. „Дали би поразговарале со вашата ќерка во мое име?“
Лошо е кого било да вмешувате во вашите односи, а кога од свекрвата барате да застане на ваша страна наместо на страната на своите деца, тоа воопшто не е добро. Дури и ако свекрвата застане на ваша страна, беспотребно ќе ги искомплицирате односите во семејството. Ако имате проблеми со браќата или сестрите на вашиот сопруг, најдобро е тој да ги реши проблемите со нив, без притоа да ги вмешува родителите.
9. „Не очекувајте да ги гледате децата често“
Бабите и дедовците се многу важни во животот на вашите деца, па затоа немојте поради некој личен каприц да им го скратите ова искуство. Кажете дека можат да бидат со децата кога и да посакаат, сѐ додека ги почитуваат правилата по кои сте се договориле да ги воспитувате.
10. „Подобро е вашиот син да разговара со вас“
Иако веројатно е најдобро вашиот сопруг да ја преземе комуникацијата поврзана со сите чувствителни теми со своите родетели, сепак немојте да се криете зад него за да го избегнете секој контакт со свекрвата и свекорот. Оставете му ги нему тешките теми, а вие самите потрудете се повремено да поразговарате со свекрвата. Ваквиот однос ќе го смали ризикот од несвесни навреди, нема да направи да се чувствува отфрлено и ќе им помогне на децата да изградат однос со баба им кога ќе видат дека и мајка им има веќе воспоставено врска со неа.