Нема посилна и посветена љубов, од љубовта на мајката и ќерката. Во зависност од тоа какови ставови мајката и пренесува на својаата ќерка во детството, можеме да претпоставиме во каква жена еден ден таа ќе порасне.
Целта на секоја мајка е да создаде самосвесна, одлучна, достојна и храбра млада жена. Затоа, нивните ќерки во текот на растењето повторуваат некои животни вистини, кои во нивната свест воспоставуваат љубов и ги почитуваат моралните и социјалните принципи.
Односот меѓу мајката и ќерката е базиран на безусловна љубов и доверба и преку одредени ситуации кои ги пренесуваат на своите деца, мајките најмногу се заслужни во какви жена ќе порасне ќерката.
Вистините што ни ги кажуваа мајките и кои ни помогнаа да ја препознаеме љубовта и довербата:
- Ти си најдобрата одлука што некогаш сум ја донела!
- Верувам во твоите одлуки и идниот успех!
- Ти си прекрасна личност.
- Твојата надворешност е минимален дел од твојата внатрешна убавина и квалитети! Не смееш да бидеш несигурна!
- Можеш да ми веруваш! Јас нема да те осудам, јас ќе ти дадам разбирање и поддршка, без оглед на се.
- Запомни дека никогаш не си сама!
- Јас сум горда на тебе!
- Го почитувам твоите мислења, иако често не се совпаѓаат со моите.
- Се восхитувам на сè што постигна и во каква жена порасна!
- Те сакам!
Овие реченици градат цврста врска меѓу мајката и ќерката, и даваат на девојката ветар во грб. Ќерката секогаш знае дека зад неа стои широка насмевка, раширени раце и рамо за утеха.