Свадбата на 103-годишниот Пауан Кат со 73 години помладата Алу Аланг во областа Сива во Индонезија, во јавноста се коментира како една од најконтроверзните свадби на светот. Двојката се венча на крајот на февруари, а сликите и видеата од свадбата на холандскиот воен ветеран и 30-годишната девојка уште се споделуваат на социјалните мрежи и во медиумите.
Според едни свадбата била лажна за девојката да го добие неговото наследство, а според други, свадба воопшто и немало, туку сликите и видеата се исценирани. Но, роднините на девојката тврдат дека тие навистина се венчале и дека се сакаат. Според локалните обичаи, зетот за невестата платил 5 милиони рупии на нејзиното семејство (околу 312 евра) и ѝ дал златен прстен.
Инаку, Кат е вдовец. Тој се борел во холандската колонијална војна,, која траела од 1945 до 1949 година.