Иако патувањето со автобус не е најомилено, сепак е одличен избор доколку сакате да ја видите и да ја доживеете Црна Гора.
Мостот на Ѓурѓевиќа Тара
Мостот кој се надвиснал над реката Тара е висок 150 метри, а долг е околу 370 метри. Партизаните го срушиле во Втората светска војна со цел да ги спречат нацистите да преминат. Мостот по војната е обновен, и сега е вистинска туристичка атракција, првенствено поради погледот кој го нуди.
Има повеќе луѓе кои пешачат преку мостот, отколку оние кои преферираат да возат, но од сите страни се слуша кинескиот, рускиот, англискиот, шпанскиот јазик…
Црно езеро
Ова прекрасно место се наоѓа во Жабљак, поточно во Националниот парк Дурмитор, меѓу шумите кои просто ве мамат за да се изгубите во нив. Езерото го добило своето име поради шумата од црн бор која го опкружува, па водата го рефлектира тоа црнило.
Во езерто се бањаат само оние кои се најхрабри, додека останатите уживаат во недопредната природа и чистиот воздух.
Манастирот Острог
Стрмниот и тесен пат им оневозможува на големите туристички автобуси да дојдат до самиот манастир. Иако патот е доволно широк за автомобилите, велосипедите и моторите, ние сепак ви препорачуваме пешки да појдете до манастирот.
Ова место не е само за оние кои сакаат да доживеат духовно патешествие, туку и за оние кои сакаат да го почувстуваат духот на историјата, да ги посетат незаборавните знаменитости, и да го посведочат за неверојатното.
Пераст
Ова е идеално место за оние кои сакаат да одат на одмор со цел да осознаат нешто ново, како и да се одморат и да уживаат во морето. Пераст лежи на подножјето на брдото Свети Илија (873 m).
Името го добило по илирското племе Пируст, а праисториските остатоци пронајдени во пештерата Шпила над Перaст сведочат за многу раното населување во оваа област, па така што ова е совршено место за сите оние ги интересира историјата и кои мечтаат за големите археолошки откритија.
Котор
Овој град е под заштита на UNESCO, па така што ниту една фасада не се разликува од дамнешните времиња кога градот бил изграден. Кога ќе го посматрате градот додека крстарите по морето, ќе имате впечаток дека патувате низ минатото, а по влегувањето во градот, тоа чувство ќе се зголеми.
Тесните улички со калдрма, куќите направени од камен, како и скаличките кои водат до тврдината, заедно даваат впечаток дека во овој град времето застанало. Но, тоа е голема грешка, затоа што ретко каде е живо како овде. Што се однесува до ноќниот живот, тука е познатиот Maximus. А за оние кои не се за големи гужви, за нив постојат дестици пријатни кафулиња, како и голем број на ресторани кои нудат специфична морска храна.
Наша препорака е доколу се одлучите да го посетите Котор, да одвоите барем 2 дена, а кога ќе тргнете во таа прошетка, облечете удобни обувки, затоа што со високите потпетици сигурно нема весело да си поминете.
Тиват
Во Тиват постои една нова есклузивна населба „“Porto Montenegro” посветена за клиентите кои живеат на висока нога. Ова место е идеално за сите оние го бараат врвна услуга и исти такви цени. Тука доаѓа светскиот Џет Сет кој почнал да доаѓа и пред официјално отварање за гостите.
Доколку успеете да резервирате лежалка на нивниот базен (цената е скромна, 65 евра), можете да налетате на членовите од кралските семејства, како и познатите личности од светот на музиката, модата и спортот.
Будва
Будва е вистинска убавица во која има за секого по нешто. Ако сте дошле поради забава, градот е полн, а доколку сакате да одите на мирно летување со семејството, тука е „Словенската плажа“, местото каде што можете со мирна душа да ги пуштите децата да трчаат боси и да не се грижите дали нешто ќе им се случи.
Ова прекрасно летувалиште е така направено што не морате за ништо да се грижите, персоналот е прекрасен, а храната одлична.
Улцињ
Во текот на сезоната, Улцињ ја претставува поранешната СФРЈ собрана на едно место, затоа што доаѓаат гости од сите држави на старата Југославија, како и гости од цела Европа. Плажите се чисти и уредни, а инфраструктурата е одлично развиеана, не постојат проблеми со електричната енергија и водоснабдувањето како во некои поединечни места во црногорското приморје.
Тој е исто така најбезбедниот град на црногорското приморје. Мештаните велат дека не памтат кога последен пат се случил било каков инцидент.
Стариот град Улцињ е задолжително место за прошетка кај сите посетители. Иако е преубав, сепак не е она што бил претходно. И покрај тоа што има голема историска вредност и вреди да биде посетен, сепак приватните куќи и новонастанатите недовршени градби го грдат изгледот на градот.
Ада Бојана
Сите знаеме дека Ада Бојана е познато нудистичко место, но она што е малку познато е дека ова место своите услуги ги нуди на сите туристи. Мирната и топла вода, како ситниот и мек песок ја прават оваа плажа задолжителна дестинација доколу ја посетувате Црна Гора. Доколку дојдете, немојте да ја препуштите приликата да крстарите по реката Бојана и долж крајбрежјето на плажата. Ќе се воодушевите од погледот на отвореното море.
Бар
Самиот Бар не е особено интересен, голем град е, со своите плажи не се разликува од многуте други места кои се наоаѓаат на приморјето, но едно место сигурно ќе посакате да го посетите – Стариот Град.
Иако не е сочувано како многу други тврдини, сепак ова место плени со својата убавина. Пред посетата, оставете ги високите потпетици и апостолките дома затоа што е многу стрмно, а калдрмата по која што треба да се движите е лизгава.
Кога еднаш ќе влезете во некогашната тврдина, ќе стекнете впечаток дека сте го оставиле светот зад себе и сте влегле меѓу рушевините на некој замок од бајките.
Скадарско езеро
Езерото опфаќа неверојатна променлива површина која варира од 300 до 500 метри квадратни и е едно од најголемите езера на Балканот кого го одликува и криптодепресијата – односно, неговата надморска височина е над нивото на морето.
Ова прекрасно езеро има свои острови. На едниот остров имало некогаш затвор, на другиот остров е лоциран манастирот Св. Никола, а на третиот се наоѓа најубавата плажа на езерото. Таа малечка плажа плени со својата едноставност и чистата вода. Ситните камчиња не ги повредуваат босите стапала, а мал број на посетители се мамат да останат.
Многмина ќе се запрашаат зошто доаѓаат на море ако се бањаат во слатката вода, но доколку еднаш го посетите ќе го посетите ова место, сигурно веќе никогаш нема да сакате да се вратите на морското приморје!