Сексот во филмовите изгледа совршено, ама сепак во вистинскиот живот се разликува.
Една нова студија открила колку време ѝ е потребно на една просечна жена да доживее оргазам во текот на сексуалниот однос.
Точно 645 жени од 21 земја учествувале во истражувањето во коешто е користена стоперица за да се забележи колку време им е потребно да достигнат оргазам во спалната соба.
Научниците оваа студија ја обележале како прва од ваков вид, а нејзината мисија е да ја измери „латентноста на оргазмот“, т.е. времето меѓу почетокот на возбудувањето и оргазмот.
„Списанието за сексуална медицина“, во која се објавени резултатите од студијата, го дефинира почетокот на возбудувањето како „интензивна желба за секс поради присуство на еротски стимуланси кои ги пружа партнерот“, кои жената ги добива низ одредени аудио-визуелни методи“.
За просечната жена до оргазмот ѝ требале 13 минути и 25 секунди, но загрижувачкиот податок е дека една од шест жени воопшто не доживеала оргазам.
Исто така, треба да се истакне дека времето кое им е потребно на жените за оргазам се движело од 5 минути до нешто повеќе од 21 минута. Ако некогаш сте се прашале дали староста колку долго сте со својот партнер влијае врз таа бројка, одговорот е не.
Исто така, ако ве интересира дали овој број може да се спореди со мажите, одговорот повторно е не.
Тоа што би требало да знаете е тоа дека на жените им е потребно дупло повеќе време отколку на мажите за достигнување на оргазмот.
Студијата од 2009 открила дека на мажите во просек им било потребно 6 минути до оргазмот.