Листата ја припремиле психолог и неколку терапевти.
Според неговите зборови, ако одговорите со „не“ на било кое прашање, тоа не претставува добро за односот во кои сте.
Состојбата на заљубување е прекрасна, но исто така ќе ви ја одземе можноста објективно да го согледате односот и да воочите на мааните кај партнерот. Маѓепсани, на светот гледате низ розови очила. Во таквата ситуација може да биде тешко да дешифрирате дали вашата врска е доволно јака и здрава за да преживее. Дали вашата врска ќе опстане? Затоа, професорот, Гари В. Левандовски, терапевт и психолог, автор на книги и статии, создаде листа од 15 прашања кои помагаат при дешифрирањето на односот и предвидуваат дали вашата врска е добра. Во списанието „Индипендент“, психологот рекол дека одлучил да направил таква листа на прашања затоа што прашањето број еден кај пациентите е: „Како да знам дали сум во добар однос?“.
„Ова е прашањето кои луѓето најчесто го поставуваат, а не се спремни да го одговорат. Кога ќе се обидат да утврдат дали се во врска која има иднина, тие не знаат секогаш кои аспекти треба да ги гледаат и кои прашања треба да ги постават, на што да се фокусираат“, објаснува професорот.
Според психологот, искреното одговарање „да“ на следните прашања кои се засноваат и на научни податоци и на интуицијата значи дека е вредно да се остане во оваа врска.
Спремни сте да ги тестирате можностите на својата врска? Еве ја листата на прашања:
- Дали партнерот ве прави подобра личност и може истото да се каже и за вас?
- Дали вие и вашиот партнер слободно разговарате за чувствата, блискоста и проблемите во врската?
- Дали се прифаќате себеси како такви без обиди за промена?
- Дали комуницирате со почитување, без презир и негативни емоции, кога ќе дојде до недоразбирање?
- Дали и двајцата имате збор во врската и можете да влијаете врз него?
- Дали партнерот ви е најдобар пријател?
- Дали мислите за себе како „за нас“, а не „за мене“?
- Дали доволно му верувате на партнерот и можете да му ја кажете лозинката од Фејсбук или банкарската сметка?
- Имате ли добро мислење еден за друг?
- Дали вашите роднини, пријатели, семејството мислат дека вашиот однос е добар и ќе го издржи тестот на времето?
- Дали вашата врска е без токсично однесување, како што е изневерувањето, љубомората, претераната контрола врз партнерот?
- Имате ли слични вредности кога е во прашање политиката, религијата, улогата на бракот во животот, желбата да имате деца и родителството?
- Можете ли да ги жртвувате своите потреби, желби и цели поради другиот?
- Дали вие и вашиот партнер имате стабилна психа?
- Дали сте сексуално компатибилни?
Според психологот, колку повеќе има негативни одговори, толку е поубедливо дека не сте во добри односи. Професорот Левандовски тврди дека раскинувањето може да биде добро, затоа што „останувањето во лошата врска без иднина за човек е најлошата работа што може да му се случи“.
Имајте на ум, меѓутоа, дека сите такви психолошки обиди за проценка и предвидување на иднината на врската треба да се третираат од одредена дистанца.