Четиричлено семејство се удави на плажата „Ал-Сафа“

Четиричлено семејство се удави на плажата „Ал-Сафа“ во близина на египетскиот град Александрија. „Оваа плажа е позната по силните струи поради кои често се дават капачи“, изјави шефот на локалната брза помош, а пренесе АП.

Спасувачкиот тим успеал да ги пронајде телата на 19-годишната девојка и нејзиниот 15-годишен брат, но не и телата на родителите.

Инаку, плажата „Ал-Сафа“ е популарно локално капалиште, но исто така е позната и по големиот број смртни случаи. Поради острата плима и осека и силните струи, ова место е многу опасно за неискусни пливачи, па само во текот на овој месец вкупно 11 лица се удавија на „Ал-Сафа“ и на околните плажи.

Scroll to Top