Во една американска архива вработените пронајдоа 2400 фотографии направени по терористичкиот напад од 11 септември 2001 година во Њујорк. Сликите се објавени на интернет, а се претпоставува дека автор на сликите е работник кој помогнал да се отстранат остатоците од кулите.
Фотографиите биле ставени на ЦД-а кои биле во лоша состојба, но експерти успеале да ги „спасат“ повеќето слики. Според Американците, овие слики даваат еден сосема поинаков поглед на она што се случуваше по трагедијата што се случи во Америка пред 18 години.
Целата галерија можете да ја погледнете ТУКА.