Количката на Стивен Хокинг продадена за 393.000 долари

Моторизираната инвалидска количка што Стивен Хокинг со години ја користеше поради својата болест е продадена на аукција за 393.000 долари, пишува „Асошиетед прес“. Првин се очекуваше количката да се продаде за 19.528 долари.

Освен количката, на аукцијата беа продадени и 22 лични предмета од Хокинг. Меѓу нив се најдоа и копија од неговата докторска теза, напишана на Универзитетот во Кембриџ во 1965 година, која е продадена за 767.000 долари. Сумата е трипати поголема од предвидувањата. На аукцијата беше продадена и скрипта од еден негов настап во анимирано телевизиско шоу, и тоа за 8.136 долари, а колекцијата од неговите медали и награди достигна сума од 386.037 долари.

Собраните пари до количката ќе одат во две добротворните организации – Фондацијата „Стивен Хокинг“ и Асоцијацијата за моторно невронски заболувања.

Хокинг почина годинава на 14 март.

Scroll to Top