Што ќе ви донесе овој месец во љубовта? Ќе останете со стариот партнер или ќе побарате подобра опција?
Овен
Ако сте во врска:
Ќе посветите повеќе време на партнерот и семејството. Можно е да отпатувате на летен одмор, но дури и да не се случи ова вие ќе уживате во многу заеднички забавни активности. Има потенцијал за мали несогласувања, но ако внесете некоја новина во вашиот однос, ситуацијата ќе се промени на подобро.
Ако сте слободни:
Повеќе време ќе минувате дома, па ќе бидат можни познанства само онлајн. Но, и вака може да дојде до пријатна комуникација со одредена личност, која може да прерасне во нешто повеќе. Сепак, кога комуникацијата ќе дојде до одредено ниво на интимност, за жал, голема е веројатноста да сфатите дека не сте еден за друг.
Бик
Ако сте во врска:
Ќе имате кавги со партнерот поради различните ставови на тема одмор. Ќе дојде до големо незадоволство и тоа ќе се одрази врз вашата врска. Ќе откриете дури и некоја тајна еден за друг. Ќе биде потребно време и трпение за да го стабилизирате вашиот однос.
Ако сте слободни:
Овој месец нема да биде погоден за да влезете во сериозна емотивна врска. Уште на самиот почеток ќе имате можност за тајна авантура со некоја личност што многу ви се допаѓа физички. Но, од друга страна психички воопшто нема да си одговарате и ќе имате кавги и љубоморни сцени. Нема да сакате да си признаете дека со таа личност нема иднина.
Близнаци
Ако сте во врска:
Повеќе време ќе минувате со пријателите, отколку со партнерот и тоа ќе доведе до заладување на односите помеѓу вас двајца. Потрудете се да ги почитувате ветувањата дадени кон него, ако сакате да ги надминете несогласувањата. Проблем ќе бидат и финансиите околу некое заедничко патување. Само компромисот може да ви ја врати хармонијата.
Ако сте слободни:
Ќе се вљубите на почетокот од месецот во личност која не ви одговара за емотивна врска затоа што е комплетно различна од вас. Новата љубов ќе сака да ве искористи емотивно и материјално и тоа комплетно ќе ве разочара. Можна е нова и вистинска љубов кон крајот на месецот.
Рак
Ако сте во врска:
Во првата половина од месецот ќе имате сериозни несогласувања во врска со важни аспекти од вашиот однос. Ако успеете да ги измазните односите ќе избегнете големи кавги. Ќе ве нервира тоа што партнерот ќе сака да ви постави одредени ограничувања и да ви ги скрати крилјата. Мора да разговарате отворено со него.
Ако сте слободни:
Ќе чувствувате потреба да се повлечете во себе затоа што нема да можете да се пронајдете во комуникацијата со другите луѓе и ќе чувствувате тензија. Дури во втората половина од август ќе запознаете личност што ќе ви остави добар впечаток и ќе се вљубите. Со разговорите на разни теми таа личност ќе ве привлече магнетски.
Лав
Ако сте во врска:
Ќе се разидете со партнерот во поглед на разликите околу заедничките планови. Поради тоа ќе се повлечете во себе и ќе чекате да дојде мигот кога ќе се смири тензијата. Во втората половина од месецот ќе уживате во заеднички активности и забава. Страста ќе се врати во вашиот живот.
Ако сте слободни:
Во втората половина од месецот некоја личност магнетски ќе ве привлече. На прво место ќе биде изгледот, но потоа ќе сфатите дека навистина има нешто и под површината. Ќе сфатите дека вашиот однос е нешто многу повеќе од само минлива авантура. Заедно ќе ја пронајдете среќата.
Девица
Ако сте во врска:
Со партнерот ќе имате различно ниво на потреба од забава, па тоа ќе доведе до кавга помеѓу вас. Мора да му покажете дека ви е грижа за него и да вложите средства во подобрување на вашите заеднички услови за живот. Можно е да флертувате со други личности, но, за среќа, ќе успеете да ја смирите ситуацијата со партнерот.
Ако сте слободни:
Август е одличен месец за летни авантури. Не е препорачливо да очекувате многу. Можно е флерт, тајни врски и краткотрајна поврзаност со некоја личност. Дури кон крајот на месецот може да запознаете некоја личност што ќе ви одговара за сериозна врска.
Вага
Ако сте во врска:
Ова ќе биде тежок период во поглед на вашите емотивни и семејни односи. Ќе се соочите со работи кои долго ги одложувавте. Ако не ги решите, можно е да дојде до заладување на односот. Смислете некој трик како да ја вратите почетничката страст во односот.
Ако сте слободни:
Ќе имате шанса за авантура каде главен фокус ќе биде магнетската привлечност според физичкиот изглед. Но, изненадувачки иако ќе немате многу заеднички допирни точки, помеѓу вас е можно да се развие многу посериозен однос. Дали ова ќе доведе до врска, зависи само од вас.
Скорпија
Ако сте во врска:
Со партнерот нема да успеете да постигнете усогласување околу некои заеднички цели. Потрудете се да ги избегнете кавгите, затоа што тврдоглавоста нема да ви донесе ништо добро. Избегнувајте двосмисленост и зајадливи коментари, сега не е време за тоа.
Ако сте слободни:
Ќе дојдете во ситуација во која ниту самите нема да знаете што всушност сакате од љубовта. Ќе ве привлекуваат повеќе личности, а секоја од нив ќе биде комплетно различна во поглед на карактерот и интересите. Ниту една од нив нема да се вклопува во сликата за идеална љубов. Од една од тие личности ќе очекувате повеќе од што таа реално може да ви даде и тоа ќе доведе до разделба.
Стрелец
Ако сте во врска:
Финансиите повторно ќе бидат причина за кавга во вашата врска. Ќе имате различни мислења на одредени теми и напнатоста помеѓу вас ќе биде неизбежна. Мора да скроите нови заеднички планови, а добро би било да организирате и некое кратко патување.
Ако сте слободни:
Размислете која тактика е најсоодветна за да ја привлечете личноста што ви се допаѓа. Ќе чувствувате дека немате доволно мотивација за да се зближите емотивно со некоја личност. Во ред е што имате убави спомени за некоја стара врска, но тоа не значи дека не треба да запловите во нова.
Јарец
Ако сте во врска:
Во односите со партнерот ќе имате значително заладување. Ќе имате спротивни ставови за многу важни аспекти од вашата врска. На моменти ќе се сомневате дека партнерот е неискрен кон вас. Покажете малку повеќе нежност и топлина кон него за да го средите односот.
Ако сте слободни:
Ќе се чувствувате емотивно затворени и повеќе ќе ви одговара да сте сами, отколку во врска. Но, во втората половина на август некоја личност ќе успее да ви се доближи. Подгответе се за нова љубов и луда авантура. Ќе почувствувате огромна интимна поврзаност.
Водолија
Ако сте во врска:
Со партнерот ќе се карате околу распределбата на домашните обврски и односите со другите членови од семејството. Дури кон средината на месецот ќе успеете да пронајдете заеднички јазик. Ќе си давате помош и поддршка еден на друг и ќе водите навистина интимни разговори.
Ако сте слободни:
Ќе имате зголемена желба за движење и дружба. Ќе запознаете личност што ќе ве маѓепса со смислата за хумор и интелигенцијата. Од спонтани средби можно е да дојде до долга и сериозна врска. Запознавањето можно е да биде преку некој ваш пријател.
Риби
Ако сте во врска:
Вашите чести отсуства од домот ќе направат партнерот да се чувствува запоставено. Ќе имате различни потреби во поглед на дозата на забава што ви е потребна во секојдневието. Ако постигнете компромис, ќе доживеете стабилност во љубовта и мир на душата. Потребен ви е одмор на страна од рутината.
Ако сте слободни:
Можна е напнатост и разочарувања во почетокот од месецот. Личност што ви се допаѓаше ќе го покаже својот вистински лик на манипулатор. Но, во втората половина од месецот ќе запознаете личност која има искрени намери кон вас. Ќе започнете сериозна врска.