Седум предлози за незаборавен летен секс

Сонце, лето и можеби осамена плажа на море – одлична забава, се согласувате, нели?

Со либидото сѐ е во најдобар ред, вклучувајќи ги витаминот Д и серотинот, кој придонесува за појава на желбата. Генерално, работите се многу едноставни: летото е идеално за експериментирање во сексуалните односи.

Имаме неколку предлози кои ќе ви помогнат на летниот секс да се сеќавате долго, долго потоа…

1. Вклучете ја фантазијата

Замислете да имате секс на луксузна јахта на сред океан, почувствувајте ја оваа сцена. Или  која било друга, ако на пример, се плашите од морска болест.

2. Оладете се

Можете да ја ставите својата омилена стаклена секс-играчка на 10 минути во фрижидерот и да добиете потполно нова сензација.

3. Не  бришете се по туширањето

По туширањето не употребувајте пешкир. Одете во спалната соба со мокро тело и покажете му на партнерот што сѐ можете!

4. Одете низ куќата во секси долна облека

Да дури и додека извршувате некои куќни работи. Не ви ганарантираме дека партнерот ќе седи мирен додека е покрај вас.

5. Побарајте масажа

Не заборавајте да земете миризливо масло. Кога ќе се опуштите, можете да се измасирате и да си угодите себеси и на партнерот.

6. Прославете го својот ден на оргазмот

Овој празник е воспоставен во Велика Британија во 2001 година. Се слави по правило на 31 јули, но ако овој ден сте го пропуштиле, не грижете се. Одберете го својот ден на оргазмот – што е одлична шандса да поминете цел ден без да станете од креветот.

7. Пронајдете го патот во мракот

Замислете дека ноќе се наоѓате во шатор, на улица, имате само батериска лампа… и барате нови ерогени зони на телото на партнерот.

Scroll to Top