Неделен хороскоп од 17 до 23 јануари: за Бикот многу пари, Овенот го чека патување

By

Овен

dobivaj vesti na viber

Оваа недела можете да им се посветите на вашите планови бидејќи наскоро ќе започнат да се остваруваат. Социјалниот живот ќе ви биде прилично богат. Кога станува збор за љубовните врски, оваа недела подобро држете се поблиску до пријателите. Имате ли можности за патување, оваа недела е идеална за тоа. Ако во деловното поле вметнете и некоја дополнителна едукација или дополнување на вашето знаење тоа ќе биде исклучително поволно за вас. Финансиите ќе ви бидат солидни, но сепак не се залетувајте со купување.

Бик

Љубовта ви е наклонета иако ви се чини дека ќе постојат промени на тоа поле, сепак вашиот партнер со двете нозе стои цврсто на земја. Бидете отворени, искрени и храбри во се што сакате да кажете. Финансиската ситуација ќе ви биде поповолна, но ќе морате дополнително да се потрудите за да ја задржите работата на нивото на кое сте ги навикнале луѓето околу себе, односно шефовите и соработниците. Нека не ве зафаќа мрзата, ве очекува значително подобрување.

Близнаци

Јупитер во Девица како и планетарниот собир во Вага ќе ви донесе поддршка од луѓето кога најмалку очекувате. Сепак, бидете свесни дека ниту сите пари на светот не можат да ви купат љубов и среќа. Затоа избирајте правилно кога станува збор за животниот партнер. Повеќе ќе размислувате од вообичаено кога станува збор за деловното поле. Некои од вас ќе имаат сјајни прилики пред себе, а само од вас ќе зависи колкава заработка ќе извлечете. Внимавајте доколку соработувате со странство, оваа недела не е поволна за тоа.

Рак

Меркур во Стрелец ќе ви донесе обиди на едно лице да ви се приближи и да ве пробуди од вашиот сон. Ќе морате во последен момент да одлучите за што ќе се определите, внимавајте на понудата, може да биде и недолична за вас. Секојдневните обврски секојдневно се повеќе ќе растат, а вие ќе се чувствувате се поуморно и поисцрпено. Ќе морате често да се извлекувате во последен момент и да импровизирате со вашата способност кога станува збор за деловното поле и работните обврски.

Лав

Оваа недела сте посебно концентрирани на одредена личност и ќе направите се само да се прилагодите на неговата/нејзиното внимание. Сепак деловните обврски може да ви го попречат приватниот живот. Немојте да бидете нападни. Повторно се буди вашата екстраваганција. Тешко ќе одолеете оваа недела да не потрошите некој денар повеќе, а тоа може да ви донесе кавги во приватниот живот. Пред вас е напорна недела за која ќе ви биде потребна голема енергија и прецизност во донесување на одлуките.

Девица

Оваа недела нема да бидете најсреќни кога станува збор за врските и односот со партнерот. Имате многу нешта на ум па подготвени сте да скокнете наеднаш и при најмала примедба на партнерот. Не правете слон од обичната мравка, можно е многу да загубите. Вашиот владетел Меркур ви ја отвора вратата за креативните работи. Ќе имате голема волја и желба за средување на работите што поскоро, но и понатака сте во опасност од преземање на премногу обврски врз вашиот грб. Завршете се што веќе сте започнале и не преземајте нови нешта. Ќе се чувствувате добро, но добро би било да го зголемите спиењето.

Вага

Нема да помине уште долго време пред да започне сложувалката да се реди сама. Во меѓувреме не дозволувајте трачевите да ве онерасположат или да ви го расипат тоа што досега сте го постигнале. Позитивен период за љубовниот живот. Сонцето во Стрелец во следните неколку недели ќе биде прилично поволно кога станува збор за работата. Комуникацијата е исклучително нагласена, па вашата способност за убедување и уверување ќе ви донесе многу повеќе отколку работата.

Шкорпија

Оваа недела ќе ви биде важно да останете отворени за секаков вид на комуникација, особено ако не сте во врска, а би сакале да влезете во некоја. Немојте да вложувате повеќе од тоа што го добивате назад. Ако нешто не оди, едноставно не оди, сфатете го тоа. Оваа недела ќе имате зголемени барања од страна на вашите надредени, па можно е да ви биде доделена некоја задача која воопшто не е од вашиот домен. Немојте веднаш да се буните, потрудете се да ја завршите и покажете дека сте одлични на секое поле.

Стрелец

Оваа недела Месечината ќе ве направи тешко лице за дружење. Ќе ви биде најдобро доколку малку се повлечете во себе и не комуницирате на иритантен начин со околината. Внимавајте некој можете сериозно да го повредите и многу да загубите. Месечината во вашето поле за кариера ви носи поволни финансиски прилики. Ќе ја намалите својата зависност од некој или нешто, а тоа ќе ве направи многу задоволни. Решете ги финансиските проблеми додека сеуште се мали.

Јарец

Иако се чувствувате притиснати од барањата на другите кои само се зголемуваат како и одговорностите кои се повеќе ги имате, сепак ќе најдете минута време и за себеси. Посветете си љубов, грижа, нега и внимание самите на себе. Засега не се зафаќајте со поголеми работи или деловни одлуки. Имате поддршка зад себе, но работите ќе се одвиваат потешко поради некои нешта кои се случиле а вие на нив не можете да влијаете. Намалете ги нервозите, за нив не сте платени.

Водолија

Ќе сакате некаква промена, можеби нов партнер ако стариот не ги слуша вашите препораки или можеби промена на друштвото кога станува збор за пријателите. Сепак немојте да бидете нагли во одлуките, можно е некого да повредите. Вашиот духовен раст ќе ви обезбеди напредување и средување на сите досега нејасни работи. Во деловниот свет ви претстои стабилност и сигурност, а и финансиската страна ќе ви биде значително подобрена.

Риби

Нема да имате ниту време ниту разбирање за вашиот партнер, само ќе му наредувате. Ќе бидете прилично непријатни и кон останатите блиски лица, па некој многу близок ќе ве напушти. Нема да прифатите ниту еден предлог од вашата околина. Дарежливиот Јупитер ќе ви донесе прилично плоден период кога станува збор за работата. Конечно дојде времето кога ќе ги добиете сите досега заслужени признанија. Луѓето на повисоките места ќе бидат импресионирани од вашата работа, а вашето его постојано ќе расте.

 

Ќе ви се допадне

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

anime freak site Naruto

SK8 the Infinity (Dub) Episode 4

Naruto (Dub) Episode 213

AnimeFreak Seirei Gensouki: Spirit Chronicles

AnimeFreak SK8 the Infinity (Dub)

tải go88