Нудисти и свингери шират корона во Франција

Локалните власти во Франција се загрижени заради големиот број луѓе заразени од корона во нудистичко одморалиште во близина на Монпелје. Новото жариште во Франција е пријавено во нудистичкиот камп во градот Кап д’Агде.

По појавата на короната во одморалиштето, 95 гости биле тестирани на самото место и добиле позитивен резултат, а други 50 пријавиле симптоми и биле тестирани кога се вратиле дома.

Според сопствениците на кампот, посетителите биле должни да носат маски и да се придржуваат кон правилата за одржување дистанца, што наводно и го правеле. Но, проблемот се појавил бидејќи овој камп го посетуваат и свингери, па се претпоставува дека тие ја рашириле короната меѓу туристите.

Процентот на заразени во однос на бројот на тестирани е четирипати поголем во Кап д’Агде во споредба со околните места со сличен број на жители, пренесува „Дејли мејл“.

Scroll to Top