Откриена нова планета, трипати поголема од Земјата

Сателитот ТЕСС открил нова планета надвор од Сончевиот систем што е трипати поголема од Земјата, соопшти НАСА.. Новооткриената планета, наречена ХД 21749, е сместена во соѕвездието Ретикулум и кружи околу светли, џуџести ѕвезди, а од Земјата е оддалечена 53 светлосни години. Според првите анализи, планетата нема сличности со планетите од Сончевиот систем.

Експертите велат дека планетата е сместена во атмосфера на тешки гасови и дека содржи поголема количина вода, но и дека е до 23 пати потешка од Земјата. Се проценува дека просечната температура на површината е 150 степени целзиусови.

НАСА минатата година со помош на ракетата Фалкон во вселената го лансираше сателитот ТЕСС. Негова задача, во текот на двегодишната мисија, е да истражува небески тела надвор од Сончевиот систем.

Scroll to Top