Се удави директорот на „Доминос пица“

Дејвид Бауерфинд (51), финансискиот директор на светскиот ланец на ресторани „Доминос пица“, се удави на одморот во Марициус. Според медиумите, Дејвид со семејството отишол на божикен одмор во Марициус и се удавил при нуркање. Неговото тело било пронајдено како лебди во една од лагуните на островот.

Компанијата во која работеше Дејвид соопшти дека локалната полиција неговата смрт ја третира како давење.

„Колективот на ‘Доминос пица’ сака да ви соопшти дека финансискиот директор Дејвид Бауерфинд загина во четвртокот додека беше на одмор со семејството. Многу сме тажни заради трагедијата,“ велат од компанијата.

Бауерфинд зад себе остави сопруга и ќерка.

 

Scroll to Top