Тепачите на починатиот Никола се навивачи на „Шкупи“

Тројцата осомничени кои минатата недела беа приведени оти го претепале 20-годишниот Никола Саздовски Саздо биле членови на навивачката група „шверцери“ на фудбалскиот клуб „Шкупи“. Никола почина ноќеска на КАРИЛ по 10 дена во кома. Тројцата момчиња на 30 јуни го пресретнале Никола, член на навивачката група „Комити“, на улица во населбата Автокоманда и го натепале со шипки. Тој паднал на тротоарот и ја удрил главата, се здобил со повреди на главата и паднал во кома. Тројцата навивачи на Шкупи и Никола, наводно, претходно имале неколку расправии на „Фејсбук“.

СВР Скопје веднаш по нападот поднел кривична пријава против Б.Б. (20), С.Д. (21) и Ј.Љ. (19), сите од Скопје, за сторено кривично дело „насилство“, а МВР уапси двајца од тројцата напаѓачи. По третото момче се трага.

 

Scroll to Top