Вечерва целосно затемнување на Месечината

Жителите на Северна и Јужна Америка, како и во делови од Европа, денеска ќе можат да го набљудуваат затемнувањето на Месечината. Тоа ќе биде единствена можност оваа и следната година, а Месечината ќе биде релативно поблиску до Земјата и поради тоа ќе биде поголема, посветла, но и поцрвена. Затемнувањето почнува вечерва или утре, во зависност од тоа во кој дел од Земјата се следи појавата. Затемнувањето на Месечината ќе трае еден час.

Scroll to Top