Венеција ќе им наплатува на туристите за влез во градот

Туристите што од 1 јули 2020 ќе ја посетуваат Венеција ќе мора да платат најмалку три евра за влез во градот. Оваа цена ќе се зголемува зависно од сезоната, но во ек на сезоната таа ќе изнесува и 8 евра. Ова се однесува на еднодневните туристи и туристите од крузерите, но и на оние кои се сместени во хотели. Уште не се знае како ќе се плаќа давачката, но казната за оние кои ќе се обидат да не платат ќе биде од 100 до 450 евра.

Масовниот туризам е долгогодишен проблем на Венеција, иако оттаму доаѓаат најголем број приходи во буџетот. Според податоците од 2016 година, Венеција има повеќе еднодневни туристи отколку жители. А нивниот број од 100 илјади во средината на 70-тите години сега паднал на 53 илјади.

Scroll to Top