(Видео) Се играше „Пајдушко“ среде НБА натпревар

Македонското оро „Пајдушко“ се играше на полувремето на НБА натпревар во Вашингтон помеѓу „Вашингтон визардс“ и „Кливленд кавалирс“пред неколку дена. Турскиот фолклорен ансамбл „Карделен“ го играше орото во чест на Чеди Осман, кошаркар на „кавси“ кој е по потекло од Македонија. Откако го одиграа орото, танчерите беа испратени од салата со овации и силен аплауз.

Сите танчерки носеа традиционални турски народни носии, освен Македонката Катерина Трајкова, која носеше традиционална македонска народна носија од скопскиот регион.

Scroll to Top