Лани, српскиот моден уметник и стилист Александар Драмишанин, за време на карантинот, ја разубави својата баба Милоратка (86), која живее во село во близина на Ивањица.
View this post on Instagram
„Таа е обична баба од село, скромна жена, но убава. Отсекогаш била моја инспирација. Секогаш ја носи косата во марама, па ми дојде идеја да ѝ ја поправам. Еднаш пред десетина години ја нашминкав, а последен пат тоа го направив за време на карантинот бидејќи цело време бев во Ивањица, па ја искористив можноста. Тогаш буквално ја натерав затоа што не беше нешто посебно расположена за тоа. Вториот пат го направив тоа со цел да ги врамам нејзините портрети во мојот салон. Специјално за таа цел направив фотографии“, изјави Александар за српските медиуми, притоа откривајќи дека ова е нејзиното прво бојадисување во животот.
По споделувањето на фотографиите на социјалните мрежи, неговата баба набргу стана хит. Таа позира во фустан на српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ.
View this post on Instagram
„Плачам, ме потсети на баба ми“, „Баба ти е сериозна кралица!“, „Колку убава жена“, беа само дел од коментарите.