Дваесет и осумгодишниот Блаже Сапунџиев, го доби вториот бубрег од младата девојка Верица Белчовска, која загина во сообраќајна несреќа.
Претходно тој имаше добиено бубрег од неговата мајка Форка, кој траел осумнаесет години, па откажал. Таа сега изрази благодарност до семејството Сапунџиеви за хуманиот гест да ги подарат органите на ќерка им Верица и да му дадат на нејзини син, шанса за нов живот.
„Трансплантацијата помина успешно. Добар е. Не не пуштија да го видиме, но не инсистиравме, важно е да е се во ред со него, докторите најдобро знаат како треба, изјавила мајката. Таа појасни за а1он.мк дека нејзиниот син одамна имал проблеми со здравјето, а нивна најголема желба била тие проблеми да се надминат.
„До деветгодишна возраст, пет години беше на дијализа. По деветтата година, јас му дадов еден мој бубрег. Мојот бубрег траеше 18 години и после тоа откажа. Повторно беше една ипол година
на дијализа“, раскажа мајката со многу емоции.
Со денешната трансплантација, едниот бубрег го доби ова момче, а другиот беше трансплантиран кај 40-годишен пациент.
„Многу ми е жал за девојчето кое многу младо загинало во сообраќајна несреќа. Судбината сакала на ваков начин да ги поврзе нашите две семејства. Засекогаш ќе бидеме благодарни за овој хуман гест, а Верче ќе продолжи на некој начин да живее преку нашиот Блаже и преку другите на кои им се донираат нејзините органи“, изјави мајката на Блаже Сапунџиев.