На денешен ден пред 29 години е срушен Берлинскиот ѕид. По победата над нацистичка Германија, земјите сојузници ја поделиле Германија и главниот град Берлин на четири зони, американска, британска, француска и советска.
Германскиот регион, кој тогаш паднал под контрола на САД, Велика Британија и Франција, се обединил во мај 1949 година, со што била формирана Сојузна Република Германија, односно Западна Германија.
Западна Германија со поддршка на земјите сојузници во наредниот период се развивала во контекст на слободната пазарна економија и демократската структура.
Twenty-nine years ago today, the Berlin Wall came down https://t.co/mDWwnbfdru pic.twitter.com/hHdlD0Gw8K
— CNN (@CNN) November 9, 2018
Од Источна Германија, чија економија и политичка структура се темелеле на советскиот социјалистички систем, десетина илјади луѓе избегале во Западна Германија.
Се претпоставува дека од 1949 година до 1961 година од Источна Германија во Западна Германија побегнале повеќе од три милиони луѓе. За да се спречат масовните бегства, Источна Германија на 12 август 1961 година тајно донела одлука границата во Берлин да биде затворена. Поради тоа што бодликавата жица не ги давала посакуваните резултати, во ноќта на 17 август 1961 година почнала изградбата на Берлинскиот ѕид.
Ѕидот бил висок 4,6 метри, а низ Берлин се протегал 44 километри. Некогашниот американски претседател Роналд Реган при посета на Западен Берлин во 1987 година упатил повик до тогашниот руски лидер Михаил Горбачов ѕидот да биде срушен во најбрз можен рок.
#OnThisDay in 1989, the Berlin Wall came down at midnight. After dividing Germany’s capital for 28 years, the concrete barrier was finally breached, allowing citizens from both west and east to cross freely through checkpoints pic.twitter.com/GExFeckmXF
— CGTN (@CGTNOfficial) November 9, 2018
Долгогодишниот владетел на Германска Демократска Република, Ерих Хонекер, во јануари 1989 година јавно давал прогнози дека Берлинскиот ѕид ќе стои уште 50 до 100 години, но настаните кои следеле во иднина го демантирале.
Во септември избиле демонстрации ширум Источна Германија. Најлошото сценарио се случило на 4 ноември, откако половина милион демонстранти го окупирале плоштадот „Александарплац“ во Источен Берлин.
On this day in 1989, the #Berlin Wall comes down. The infamous barrier between East and West stood for exactly 10,315 days. pic.twitter.com/f703JVOoVG
— Alex Kokcharov (@AlexKokcharov) November 9, 2018
Веќе на 9 ноември луѓето самоиницијативно почнале да рушат делови од ѕидот, а на 13 ноември источногерманската војска почнала со организирано отстранување на некои делови. Ѕидот ги раздвојувал двата дела од земјата точно 10,315 денови. На државјаните на Германска Демократска Република подоцна им било овозможено да преминат во Источен Берлин.
Официјалното обединување на Германија се случило на 3 октомври 1990 година. Ѕидот бил и олицетворение на Студената војна па со тоа и самото рушење означило почеток на ослободувањето од комунистичката идеологија и нејзината структура.
Today we celebrate the fall of the #BerlinWall on 9 November 1989, uniting East and West Germany 🇩🇪 #9November #BerlinerMauer pic.twitter.com/qNPP69YkOP
— European Commission 🇪🇺 (@EU_Commission) November 9, 2018
Источногерманскиот лидер Гинтер Шабовски ги запознал новинарите со најновите одлуки на режимот, но не ја открил информацијата за отворањето на границите. Одговарајќи на новинарско прашување, Шабовски на глас го читал документот во кој пишувало дека сите визи за патување и иселување од земјата ќе се издаваат без никакви услови.
Dismantling of the Berlin Wall in 1989. pic.twitter.com/5qOnT3A3JO
— History Lovers Club (@historylvrsclub) November 8, 2018