30.000 евра казна за Македонецот во чиј ресторан заглави австрискиот претседател

Претседателот на Австрија, Александер ван дер Бален е фатен во саботата како ги прекршува рестриктивните мерки поради корона вирусот. Тој со сопругата Дорис Шмидингер седел во бавчата на познат виенски ресторан и по пропишаното работно време, односно, по 23 часот.

Интересно е што тие седеле во  ресторанот “Соле“ каде кој е во сопственост на Македонец, односно, на Аки Нуредини кој е татко на македонскиот министер за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Аки изјавил дека укажал на работното време, како што пропишува законот, а со последната рунда пијачка го затворил ресторанот во 23 часот.

Според законот за угостителски објекти и по затворањето, по 23 часот, теоретски гостите може да останат да седат во бавчата, но тоа се смета за приватна забава.

Претседателот пак по објавта дека ги прекршил мерките, се  правда дека тоа било грешка и дека прв пат, откако се затвориле локалите, со сопругата и со пријатели излегол во ресторан на вечера.

„Нешто се размуабетивме и заборавивме на времето. Многу ми е жал, тоа беше грешка“, вели тој.

Чуварите на редот за тоа ги известиле надлежните власти и сега директорот на градскиот Магистрат треба да одлучи дали ќе го казни сопственикот на локалот кој не го испочитувал работното време. Сега на Аки Нуредини му се заканува казна од 30.000 евра.

 

 

 

 

Scroll to Top