Властите во италијанскиот град Фиренца со по 500 евра ќе ги казнуваат туристите што ќе јадат на улица. На туристите ќе им биде забрането да јадат по тротоарите, на улиците и на праговите на јавните објекти помеѓу 12 и 15 часот, односно од 18 до 22 часот.
Забраната стапува во сила оваа недела и ќе се однесува на одредени улици во градот, во близина на најголемите туристички атракции. Забраната ќе важи до 6 јануари 2019, кога официјално завршува туристичката сезона во Италија.
Туристите во Фиренца својот оброк често го консумираат по улиците за да не плаќаат во угостителските објекти, па тоа ги поттикнало властите да ја воведат забраната со високи казни.