Над 500 планинари од Македонија и од планинарскиот клуб „Железничар 2006“ од Врање, Србија вчера се искачија на врвот Клепа (1150 метри н.в), во близина на Градско. Тие се искачија во спомен на планинарите Калина Велевска и Александар Миноски, на 10 февруари пред една година загинаа на Кајмакчалан.
Лани и самата Калина учествувала во овој поход и тогаш заедно со останатите планинари засадила свое дрвце на Клепа, а го оградила со три камења. Планинарите што вчера беа на турата засадија 500 зимзелени дрвца на истото место, во чест на загинатите планинари.
На Калина и Александар неодамна се потсети и пејачката Зарина Првасевда, која се искачи на Кајмакчалан и во нивна чест ја испеа песната „Ој зарино прва севдо“. Таа за „Репортер“ тогаш раскажа дека додека се качувала на планината, во мислите постојано ѝ биле загинатите планинари.
(Видео) Една година по смртта на Александар и Калина, на Кајмакчалан одекна македонска песна