7-годишно девојче се искачи на Килиманџаро заради покојниот татко

7-годишната Монтана Кени е најмладото девојче што се искачило на највисокиот врв во Африка на планината Килиманџаро. Таа се искачи на 5.892 метри надморска височина за да биде поблиску до нејзиниот починат татко. Таткото на Монтана починал кога таа имала 3 години како последица на посттрауматски стрес. Нејзината мајка од првиот момент ја поддржала нејзината идеја.

 

„Колку повисоко се искачувам, толку поблиску сум до него во рајот,“ рекла Монтана пред да почне со својот поход.

За да успее во својата цел, Монтана тренирала 4 до 8 часа дневно во текот на викендите, а планинарела на пократки релации во учебната недела. Нејзината мајка Холи, која е поранешна професионална натпреварувачка во триатлон ѝ била личен тренер и поддржувач. Таа морала да обезбеди посебна дозвола за ќерка си, бидејќи постои забрана за искачување по планината за лица помлади од 10 години.

„Кога разговаравме дека планината се наоѓа над облаците, таа веднаш се асоцираше со рај и таа мисла остана со неа. Ѝ се допаѓаше идејата да биде поблиску до татка си и ме праша дали ќе може да го види,“ рекла Холи.

Патот до врвот не бил лесен, а тие стигнале до таму за 6 дена.

„Беше прекрасно. Таа знаеше дека сака да му испрати бакнежи во воздухот и да мавта со надеж дека тој ќе ја види,“ изјавила мајката.

Scroll to Top