93-годишната Ирма од Италија отпатува во Кенија каде што три недели ќе волонтира во сиропиталиште. Фотографиите на кои со едната рака се потпира на бастун, а со другата влече црвен куфер станаа вистински хит на социјалните мрежи откако на „Фејсбук“ ги сподели нејзината внука Елиса Колтро.
„Погледнете ја, дали може некој да ја спречи“, напишала таа под фотографијата.
Ирма долго време го поддржувала сиропиталиштето во Кенија кое го основал мисионер од нејзиниот крај. Таа по долго време конечно одлучила во придружба на нејзината ќерка да оди и да волонтира неколку недели.
Ирма останала вдовица на 26 години и сама ги одгледала своите три деца.