Аеродромот во Сингапур ќе добие рајска градина од 1,7 милијарди долари

By

Џет лег, одложувања на летови, долги редици и големи мешаници се највообичаените проблеми со кои се соочуваат патниците. Наградуваниот аеродром „Чанги“ во Сингапур сака да им го разубави престојот на своите корисници, така што ќе можат да уживаат во огромна зелена градина.

Структурата од 134.000 квадратни метри е наречена „Скапоцен камен“ и во неа се вложени 1,7 милијарди долари. Дизајнирана од израелско-канадскиот архитект Моше Сафди. Направена е од стакло и челик. Внатре е зелена долина, исполнета со илјадници дрвја, растенија и грмушки, собрани од сите страни на светот. Сето ова ќе може да се набљудува и од високо, благодарение на системот на висечки мрежи.

„Сакавме да направиме нешто навистина безвременско и така дојдовме до концептот на рајска градина“, вели Сафди.

Посебен спектакл ќе биде Дождовниот вртлог, 40 метри висок каскаден водопад, сместен во срцето на структурата. Кога ќе биде завршен, тоа ќе биде највисокиот водопад во затворено на светот, низ кој ќе поминуваат 10.000 галони вода во минута.

„Скапоцен камен“ ќе биде отворен за јавност оваа година и ќе содржи и 280 продавници и хотел со 130 соби

Ќе ви се допадне