Јужно и југозападно струење на висина, сахарска прашина и песок и непријатна топлина овие денови ќе ја зафати територијата на нашата држава. Ќе бидеме под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југозапад која ќе условува понатамошен пораст на температурите на воздухот кој во следните денови ќе се искачуваат од 22 до 29 степени.
Во централните и во југоисточните предели температурите на воздухот се очекува да се искачат до максимални 30, 31 степен што се типично летни. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со сосема мала локална облачност, а ќе дува и претежно слаб ветер од променлив правец.
УВ индексот поради топлиот бран понатаму малку ќе порасне и ќе има умерено висока вредно и ќе изнесува 5 што не е опасно за граѓаните.