Африкански крал на сите 15 сопруги им купи по еден „ролс ројс“

Мсвати Трети, кралот на една од најсиромашните држави во светот, Сватини, Африка, купи по еден нов „ролс ројс“ автомобил за своите 15 сопруги. Членовите на поширокото семејство и соработниците на кралот ќе добијат по едно „бе-ем-ве“. Ова е изненадување, бидејќи, иако кралот на земјата е еден од најбогатите владетели во светот, 63% од населението во земјата е сиромашно, а повеќе од половината се заразени со ХИВ. Единственото нешто што се смени во последните децении е името на државата, кое кралот го преименува од Свазиленд во Кралство еСватини. Тој го стори тоа минатата година на неговиот 50. роденден, наводно за да ја одбележи 50-годишнината од „независноста“.

Инаку, Мсвати Трети е еден од најбогатите монарси на светот со богатство проценето на над 200 милиони долари. Лани, на пример, тој си купи авион од 13,2 милиони американски долари, а има и околу дваесет „мерцедеси“ С-класа, лимузини „ролс-ројс“ и неколку „бе-ем-ве“ Х6.

Scroll to Top