АЈДЕ СИТЕ НА ПЛОШТАД: Вардар и Веспрем на голем видео-бим

Финалниот натпревар во Лигата на шампиони меѓу Вардар и Веспрем кој ќе се игра вечерва од 18 часот, ќе може да се гледа на голем видео-бим на градскиот плоштад во Скопје.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов преку Фејсбук ги покани граѓаните да дојдат на градскиот плоштад.

„Градот Скопје, утре на нашиот плоштад, на голем видео бим, организира заедничко следење и бодрење за новиот триумф на Вардар и неговата нова европска шампионска титула. Ајде масовно сите на плоштад. Еден е Вардар. Едно е Скопје“, пишува на статусот на Шилегов.

Вардар синоќа успеа да направи сензација во полуфиналниот меч против Барселона, откако во самиот финиш направи пресврт и оствари победа од 29-27.

 

 

 

Scroll to Top