Актерот од „Чернобилски дневници“ пронајден мртов

Актерот Димитри Диатченко, кој беше најпознат по улогата на Ури во филмот „Чернобилски дневници“ од 2012 година, почина во својот дом во Флорида. Причината за смртта сè уште не е позната. Но, неговиот брат рекол дека таа не е поврзана со Ковид-19. Тој бил здрав и во добра форма, рекло неговото семејство.

Семејството се обидувало да стапи во контакт со 52-годишниот глумец неколку дена, па повикале полиција.  Полицајците што отишле во неговиот дом, го нашле телото на актерот.

Димитри се појави во многу серии меѓу кои „Синови на анархијата“, „Како ја запознав мајка ви“, „Коски“, „Две девојки без пари“ и „ЦСИ: Мајами“.

Глумецот е роден 1968 година во Сан Франциско. Неговиот татко е по потекло од Украина, а неговата мајка е од Шведска. Тој ја шокираше јавноста пред пет години кога ѝ испрати на поранешната девојка фотографии од нејзиното домашно милениче зајак што го убил и го изел! Димитри рекол дека го сторил тоа за да ѝ се одмазди оти му раскинала, по што добил казна 60 дена добротворна работа.

Scroll to Top