Премиерот на Албанија, Еди Рама, објави дека земјата догодина ќе ги лансира првите сателити во вселената. Албанија ќе лансира два сателита, „Албанија 1“ и „Албанија 2“, во соработка со компанијата на Илон Маск, „Спејс екс“.
„Албанија ќе биде во орбитата, неверојатно, но вистинито“, рече Рама.
Првиот сателит наречен „Албанија 1“ ќе биде испратен во вселената во март 2022 година, а лансирањето на вториот сателит е планирано за јуни. Рама не откри за каков тип сателити се работи, но кажа дека од „Спејс екс“ го запознале со деталите за лансирањето.
„‘Албанија 1‘ и ‘Албанија 2‘ ќе ни овозможат да ја засилиме контролата врз целата територија на земјата“, изјави Рама.