Алфа жени во хороскоп

Како што постојат алфа мажи, така постојат и алфа жени.

Тие се совршени жени, домаќинки и успешни деловни жени. Сепак, покрај тоа имаат нешто што ги привлекува мажите како магнет, а тоа не може да се дефинира со зборови, тоа е неописливо.

Бик

Оваа жена е совршена домаќинка. Покрај тоа што е добра во кујна, таа умее да го задоволи партнерот и да му пружи безгранична љубов. Нејзиниот дом се одликува со чистота, хармонија и топлина. Покрај тоа, таа има одличен талент за бизнис. А со оглед на тоа дека има „фобија“ од сиромаштија, таа е умешна и знае како да заработи пари. За нејзините неодоливи облини нема ни потреба да се зборува. Ова е вистинска жена.

Вага

Таа е убавица, најубава од сите хороскопски знаци. Кога ќе ја погледнете, таа зрачи со убавина и колку и да сте ѝ лути, ќе ѝ простите. Не може да се пофали со некое значително познавање на домаќинството, но нејзината убавина е добар генетски материјал за наследен фактор. Со нејзините убави манири, таа плени како божица која се симнала меѓу луѓето. На овие жени сите врати им се отворени. Тоа можеби не е праведно, но им се може.

Лав

Како и кај мажите, така и кај жените. Лавот е доминантна единка. Нивната појава е фасцинантна, таа умее да ја наметне својата волја и за себе го бира совршенството. Тоа ѝ припаѓа, бидејќи таа е совршена. Кралицата на стајлингот и добриот вкус, дури и кога не е совршена, таа ќе пронајде начин да се претстави како таква и да ѝ поверувате во тоа.

Scroll to Top